Блогот Кинотека е неофицијално огледало на филмската програма на Кинотеката на Македонија и, понекогаш, на некои други филмски настани.

„Враќањето на Никола Бувие во Македонија“, 25. февруари 2008 20ч, [Кинотека]

Во Кинотеката на Македонија по повод 10 годишнината од смртта на швајцарскиот и светски писател Никола Бувие (1929 - 1998), на 25. февруари ќе се проектира документарниот филм „Враќањето на Никола Бувие во Македонија“, од авторите Љубе Цветановски и Иван Митевски. Овој настан е го организираат Европската филмска академија ESRA Париз - Скопје - Њујорк и Кинотека на Македонија, заедно со Швајцарската амбасада.



фото: Ивон Белер [врска]

Во својот бестселер „Употребата на светот“ која е преведена на повеќе од 100 јазици, Бувие напишал незаборавни страници за Македонија, инспириран од својот престој во земјата. После многу години, Никола Бувие се враќа повторно во Македонија и тогаш се снима документарниот филм „Враќањето на Никола Бувие во Македонија“. На свеченоста ќе се обратат г-дин Јордан Плевнеш, Декан на Европската филмска академија и н.е г-ѓа Никол Вирш, Амбасадор на Швајцарија.

Пат во космос, 23 и 24 февруари 2008 во 20ч. [Кинотека]

„Пат во космос“ е филмска адаптација од 1983 на истоимената книга на Том Вулф од 1979. „Пат во космос“ ја раскажува приказната за тест пилотите кои биле вклучени во истражување на летање при големи брзини во Воздухопловната база Едвардс, како и за оние кои биле одбрани да бидат астронаути за програмата „Меркур“, првиот обид на Америка да испрати човек во вселената. Приказната ја спротивставува „Меркурската седумка“ и нивните семејства со пилоти како Чак Јегер, кој бил сметан од другите тест пилоти како најдобар од групата, но кој никогаш не бил одбран како астронаут. „Меркурската седморка“ биле Скот Карпентер, Гордон „Гордо“ Купер, Џон Глен, Гус Грисом, Вали Шира, Алeн Шепард и Дике Слејтон.



Филмот започнува со сцена во Воздухопловната база Едвардс во 1947 година. Оваа правлива и сува воена воздухопловна база е местото каде тајновито се тестираат брзи воздухоплови вклучувајќи го X-1 леталото на ракетен погон подготвено да лета побрзо од звукот. Откако неколку тест пилоти загинуваат во обидот да го пробијат „звучниот ѕид“, шансата да лета со X-1 му е понудена на Чак Јегер (Сем Шепард), воен херој и офицер за врски. При јавање на коњ, заедно со неговата жена Гленис (Бербара Херши), Јегер паѓа и крши неколку ребра. Не сакајќи да ја признае повредата,и со помош на дршка од метла, тој успева да го пробие „звучниот ѕид“ летајќи го X-1, победувајќи го „демонот во небото“.

(Никулец на мк.Википедија.)

Филмот трае 194 минуити.

Спасувајќи го војникот Рајан, 21 и 22 февруари 2008 во 20ч. [Кинотека]

Спасувајќи го војникот Рајан е филм од 1998 година, наградуван со оскари, за инвазијата на Нормандија на денот Д за време на Втората светска војна. Филмот е режиран од Стивен Спилберг и напишан од Роберт Родат.

Филмот е посебно познат по интензивните почетни 24 минути, кои го портретираат директниот напад на плажата Омаха на 6. јуни 1944 година. По ова, филмот претставува фикциска потрага по падобранец на 101-та воздухопловна дивизија на Соединетите држави. Додека овој дел од заплетот е фикција, поставката е во мала мера базирана на вистинска приказна за браќата Ниланд. „Спасувајќи го војникот Рајан“ бил добро прифатен од публиката и критиката, добивајќи неколку награди за филм, глума и екипа, воедно имајќи добра заработувачка во кината.



Постар ветеран (Херисон Јанг) во посета со неговото семејство на американските гробишта и меморијален центар во Нормандија, Франција, паѓа пред еден надгробен споменик занесен од емоции.

Сцената се менува во почетокот на инвазијата на Нормандија, каде американските војници се борат на плажата Омаха со вкопаната германска пешадија и митралески гнезда. Еден од луѓето кои го преживуваат првиот налет, капетан Џон Х. Милер (Том Хенкс) од вториот батаљон рејнџери, собира група војници и полека се пробива низ германската одбрана кон излезот од плажата.

(Никулец на мк.Википедија.)

Филмот трае 170 минути.

Доверливо од ЛА, 19 и 20 февруари 2008 во 20ч [Кинотека]

Доверливо од ЛА е филм од 1997 година базиран на истоимениот роман на Џејмс Елрој од 1990 година, а трет од циклусот романи ЛА Четврт. И филмот и романот раскажуваат приказна за група полицајци од Лос Анџелес во 1950-тите и полициската корупција во судир со гламурот на Холивуд. Филмската адаптација била продуцирана и режирана од Кертис Хенсон кој учествува и во изработката на сценариото во соработка со Брајан Хелгеланд. Во тоа време, Гај Пирс и Расел Кроу биле релативно непознати актери во Северна Америка и еден од покровителите на филмот, Арнон Милкан, бил загрижен за отсуството на ѕвезди во главните рољи. И покрај тоа, тој го поддржал изборот на Хенсон што му дало сигурност на режисерот да им пријде на Ким Бесингер, Дени ДеВито и Кевин Спејси. Кога Хенсон му го дал сценариото на Спејси, му порачал да мисли на Дин Мартин кога ќе ја толкува улогата.

Севкупно, филмот има добра критика, имајќи 98% „сертификувани“ свежи рејтинзи на Ротен Томејтос, од кои 59 од 60 осврти се позитивни. Филмот бил номиниран за девет оскари а добил два - Бесингер за актерка во споредна улога и Хелгеланд и Хенсон за најдобро адаптирано сценарио.



Во ерата на сјајот, гламурот, жестината и црнилата на Лос Анџелес од 1950-тите, три полицајци од градот се зафатени во мешавина на корупција, секс, лаги и убиство после масовно убивање во клубот „Ноќна утка“. Приказната во суштина испреплетува организиран криминал, политичка корупција, хероин, порнографија, проституција, жолт печат, институционален расизам, пластични операции и Холивуд. Насловот на романот е поврзан со озлогласениот скандалски магазин од тоа време „Доверливо“, претставен во фиктивниот свет како Ш'ш-Ш'ш (анг. Hush-Hush).

(Никулец на мк.Википедија.)

Филмот трае 128 минути.
 
Кинотека. Design by Wpthemedesigner. Converted To Blogger Template By Anshul Tested by Blogger Templates.