Доверливо од ЛА е филм од 1997 година базиран на истоимениот роман на Џејмс Елрој од 1990 година, а трет од циклусот романи ЛА Четврт. И филмот и романот раскажуваат приказна за група полицајци од Лос Анџелес во 1950-тите и полициската корупција во судир со гламурот на Холивуд. Филмската адаптација била продуцирана и режирана од Кертис Хенсон кој учествува и во изработката на сценариото во соработка со Брајан Хелгеланд. Во тоа време, Гај Пирс и Расел Кроу биле релативно непознати актери во Северна Америка и еден од покровителите на филмот, Арнон Милкан, бил загрижен за отсуството на ѕвезди во главните рољи. И покрај тоа, тој го поддржал изборот на Хенсон што му дало сигурност на режисерот да им пријде на Ким Бесингер, Дени ДеВито и Кевин Спејси. Кога Хенсон му го дал сценариото на Спејси, му порачал да мисли на Дин Мартин кога ќе ја толкува улогата.
Севкупно, филмот има добра критика, имајќи 98% „сертификувани“ свежи рејтинзи на Ротен Томејтос, од кои 59 од 60 осврти се позитивни. Филмот бил номиниран за девет оскари а добил два - Бесингер за актерка во споредна улога и Хелгеланд и Хенсон за најдобро адаптирано сценарио.
Во ерата на сјајот, гламурот, жестината и црнилата на Лос Анџелес од 1950-тите, три полицајци од градот се зафатени во мешавина на корупција, секс, лаги и убиство после масовно убивање во клубот „Ноќна утка“. Приказната во суштина испреплетува организиран криминал, политичка корупција, хероин, порнографија, проституција, жолт печат, институционален расизам, пластични операции и Холивуд. Насловот на романот е поврзан со озлогласениот скандалски магазин од тоа време „Доверливо“, претставен во фиктивниот свет како Ш'ш-Ш'ш (анг. Hush-Hush).
(Никулец на мк.Википедија.)
Филмот трае 128 минути.
2 comments:
http://www.plagij.at/index.php?sajt=more&id=2505
Поздрав!
Ана
Ана ти благодарам за информацијата ама некако предоцна го видов твојот коментар. Ако веќе имаш информации за настан во Фросина можеш да праќаш инфо директно на мејл ден-два претходно и ќе ги објавам информациите.
Поздрав!
Post a Comment