Спасувајќи го војникот Рајан е филм од 1998 година, наградуван со оскари, за инвазијата на Нормандија на денот Д за време на Втората светска војна. Филмот е режиран од Стивен Спилберг и напишан од Роберт Родат.
Филмот е посебно познат по интензивните почетни 24 минути, кои го портретираат директниот напад на плажата Омаха на 6. јуни 1944 година. По ова, филмот претставува фикциска потрага по падобранец на 101-та воздухопловна дивизија на Соединетите држави. Додека овој дел од заплетот е фикција, поставката е во мала мера базирана на вистинска приказна за браќата Ниланд. „Спасувајќи го војникот Рајан“ бил добро прифатен од публиката и критиката, добивајќи неколку награди за филм, глума и екипа, воедно имајќи добра заработувачка во кината.
Постар ветеран (Херисон Јанг) во посета со неговото семејство на американските гробишта и меморијален центар во Нормандија, Франција, паѓа пред еден надгробен споменик занесен од емоции.
Сцената се менува во почетокот на инвазијата на Нормандија, каде американските војници се борат на плажата Омаха со вкопаната германска пешадија и митралески гнезда. Еден од луѓето кои го преживуваат првиот налет, капетан Џон Х. Милер (Том Хенкс) од вториот батаљон рејнџери, собира група војници и полека се пробива низ германската одбрана кон излезот од плажата.
(Никулец на мк.Википедија.)
Филмот трае 170 минути.
0 comments:
Post a Comment