Со празнично доцнење, Кинотеката продолжува со проекции.
Овој месец е посветен речиси целосно на македонски филмови. Циклусот започнува со „Сенки“ на Милчо Манчевски кој ќе се прикажува од 5 до 15 мај од 20 часот и петнаесетина минути. Пред филмот секој ден ќе одат кратки (документарни) филмови. Цената на билетите за овие претстави, според информациите од Кинотека, е 150 денари. Значи „Сенки“
и,
5 и 6 мај: Низ Пиринска Македонија, документарен филм од 1948 година во режија на Трајче Попов. Филмот е за престојот на делегацијата на НР Македонија во Пиринска Македонија, односно во НР Бугарија. Кадри снимени во Мелник, Банско, Свети Врач, Рожденскиот манастир.
7 и 8 мај: Културен живот во Македонија, документарен филм од 1951 година во режија на Киро Билбиловски. Филмот е составен од прилози за културниот живот во Македонија: одбележување на петгодишнината на Македонскиот народен театар; концерти; куклениот театар; Струмички театар; Македонската филхармонија и настапот на хорот на КУД „Владо Тасевски“ за железничкиот колектив по повод 11 Октомври.
9 и 10 мај: Дервиши, документарен филм од 1955 во режија на Ацо Петровски. Во филмот се прикажани верските обреди на дервишите од сектата Рифаи.
11 и 12 мај: Пула 1956, документарен филм од 1956 година во режија на Славко Јаневски. Филмот е преглед на фестивалот на југословенскиот игран филм во Пула 1956 година. Средби со филмските творци.
13 мај: Средновековни фрески во Македонија, документарен филм од 1957 година во режија на Кочо Недков. Филмот ги покажува богатството и убавините на фреските во неколку познати цркви во Македонија, меѓу нив и во оние што се живописани од познатите мајстори Михајло и Еутихие.
14 мај: Бесплатна проекција на „Прашина“ на Милчо Манчевски во 17 часот.
15 мај: Бесплатна проекција на „Пред дождот“ на Милчо Манчевски во 17 часот.
П.С. Недостасува текст за „Сенки“ на мк.википедија. А поправки и дополнувања се потребни и на двата други филма на Милчо.
0 comments:
Post a Comment