„Изгорени од сонцето“ е филм од 1994 година на рускиот режисер и актер Никита Михалков. Филмот, помеѓу другите награди, ги доби Главната награда на Филмскиот фестивал во Кан и Оскар за најдобар филм од странско говорно подрачје.
Филмот започнува со 1936 година, пред самата „Голема чистка“ на Јосиф Сталин. Генерал мајор Сергеј Котов (Никита Михалков), идеалист комунист и воен херој од Бољшевичката револуција и Руската граѓанска војна, ужива во животот во неговата селска куќа. Покрај него се Мароусиа, поранешна благородничка која станала негова жена, неговата ќерка Надја и членови на поширокото ексцентрично семејство на неговата сопруга составено од поранешни благородници. Харизматичниот Котов, опуштен пред пензија, е инспирација за сите околу него.
(Никулец на мк.Википедија)
Филмот трае 135 минути.
0 comments:
Post a Comment