Блогот Кинотека е неофицијално огледало на филмската програма на Кинотеката на Македонија и, понекогаш, на некои други филмски настани.

Боли ли?, 18 - 23 мај 2008 во 20 ч. [Кинотека]

Циклусот македонски филмови во Кинотека продолжува со „Боли ли“. „Боли ли“ е македонски филм од 2007 година во режија на Анета Лешниковска. Улогите ги играат Игор Џамбазов, Ирена Ристиќ, Дејан Лилиќ, Висар Вишка, Бошко Бозаџиевски, Даниела Стојковска, Милиана Додевска и др.



Пред секоја проекција на првата балканска догма, ќе има кратко филмче и тоа по следниот распоред.

18 и 19 мај: Три минути во светот на Мирослав Барток
Анимиран филм од 1976 година во режија на Дарко Марковиќ. Филмот е анимација на 32 карикатури кои биле изложени на Седмата светска галерија на карикатури во Скопје, како самостојна изложба на Мирослав Бартак од Чехословачка.

20 и 21 мај: Ближни наши
Анимиран филм од 1977 година во режија на Боро Пејчинов.
Филмот е анимациски приказ на десет различни теми со наслови: Слободно творештво, А н с, 69, Продуктивност, Автобиографија, Шутирање, Тиранија, Технобирократија, Инвестиција и Ротација. Главните „јунаци“ на кратките стории се предмети кои се дел од човековото секојдневие.

22 и 23 мај: Повлечи - потегни
Анимиран филм до 1978 година во режија на Мице Јанкуловски.
Најобичното, секојдневно повлекување на јажето од казанчето во тоалетот, овој пат предизвикува необични, несекојдневни и непредвидливи ситуации. Автоматизмот на дејствието не е возможно да се прекине, при што се доаѓа и до автоматизам на мислите, така што нема свесно расудување.

0 comments:

 
Кинотека. Design by Wpthemedesigner. Converted To Blogger Template By Anshul Tested by Blogger Templates.