Блогот Кинотека е неофицијално огледало на филмската програма на Кинотеката на Македонија и, понекогаш, на некои други филмски настани.

Едвард, 16 и 17 мај 2008 г. во 20 ч. [Кинотека] - Бесплатна проекција

Едвард (Eduart) е грчки филм од 2006 година во режија и сценарио на Анџелики Антониу. Во главните улоги настапуваат Адријан Азири, Ешреф Дурмиши, Андре Хеника и Еди Механа. Филмот е добитник на наградата за најдобар грчки филм на меѓународниот фестивал во Солун.



Филмот е вистинска приказна албански имигрант кој во Грција е затворен за убиство.

(Баш никулец на мк.Википедија)

А еве го и апелот од Кинотека:

На 16 и 17 мај во Кинотеката на Македонија ќе биде прикажан филмот Едвард (Eduart). Филмот е во грчко - германска копродукција со учество на Албанија, Косово, а дел од филмот е сниман и во Македонија. Во филмот главна улога игра и нашиот актер Адриан Азири (повеке информации на www.imdb.com/title/tt0954926/).

Оваa проекција е дел од започнувањето на долгорочен проект во соработка со Гете институтот во кој планираме да прикажуваме филмови кои се Германско-Балкански копродукции. Филмот ќе биде прикажан на традиционална филмска проекција (35mm филмска лента) и е негово прво прикажување во Македонија. На проекцијата во петок ќе присуствува и еден од неговите продуценти: Јост Херинг, а ќе биде присутен и Адриан Азири.

Се планира по прикажувањето на филмот да има дискусија во која би се разговарало за можностите за развој на филмот меѓутоа и за теми кои генерално се однесуваат на нашето општество. Мислам дека тука и Вие (новинарите и лугето од медиумите) како луге кои сте целосно упатени во оваа проблематика можете да дадете голем придонес.

Влезот е бесплатен.

0 comments:

 
Кинотека. Design by Wpthemedesigner. Converted To Blogger Template By Anshul Tested by Blogger Templates.