Блогот Кинотека е неофицијално огледало на филмската програма на Кинотеката на Македонија и, понекогаш, на некои други филмски настани.

Банкарите на Бога - случајот Калви, 20 март 2008 во 20 ч. [Кинотека]

Банкарите на Бога - случајот Калви (ит. I Banchieri Di Dio - Il Caso Calvi) е италјански филм од 2002 година. Режијата е на Џузепе Ферара (ит. Guiseppe Ferrara), а покрај него сценариото го пишува и Арменија Балдучи (ит. Armenia Balducci). Улогите ги играат Омеро Антонути (ит.Omero Antonutti) , Памела Вилорези (ит. Pamela Villoresi), Џанкарло Џанини (ит. Giancarlo Giannini), Алесандро Гасман (ит. Alessandro Gassman) и други.


Ферара се враќа со нов филм за политичката историја на Италија од Осумдесеттите години, испреплетена со личности како банкари, кардинали и претприемачи, и ја раскажува приказната за Роберто Калви, претседател на Банка Амброзијана од 1975 г., уапсен во 1981 г. за пропаст на банката, осуден на 4 години затвор и 15 милијарди казна, пребеган во странство и најден обесен на 18 јуни во 1982 год., под мост во Лондон.

Откако собрал исцрпни податоци не само за Калви туку и за Банка Амброзијана, за Ватиканската банка, за Опус Деи и за Масонството, Ферара тргнува низ заплетканите патеки на еден случај кој италијанското правосудство сѐ уште успеало да го расветли и во чии мрежи останал, иако сосема малку, заплеткан и Ватикан. Филм кој содржи од сѐ по малку: П2, атентатот на Папата итн. На екранот дефилираат личности како Андреоти, Кракси, банкарот Микеле Сидона и случајот Калви се расплинува, или поточно се усложнува, меѓу тајните агенти како Франческо Пациенца и сомнителните претприемачи како Флавио Карбони, додека одговорните на Ватиканската банка, Паул Марцинкус и неговата десна рака Менини си обезбедуваат спас преку игра со потписи и моќ. Како што беше и со „Случајот Моро“ така и овде Ферара спроведува истражувања преку својот филм и донесува сопствени заклучоци.

(Никулец на мк.Википедија.)

Филмот трае 125 минути.

(Блогот „Кинотека“ ѝ се заблагодарува на Катерина за помошта околу содржините за италјанските филмови.)

0 comments:

 
Кинотека. Design by Wpthemedesigner. Converted To Blogger Template By Anshul Tested by Blogger Templates.