Блогот Кинотека е неофицијално огледало на филмската програма на Кинотеката на Македонија и, понекогаш, на некои други филмски настани.

Случајот Моро (филм), 19 март 2008 во 20 ч. [Кинотека]

Случајот Моро (ит. Il Caso Moro) е италјански филм од 1986 година. Филмот е во режија на Џузепе Ферара (ит. Guiseppe Ferrara), а сценариото го напишале Роберт Кац (ит. Robert Katz) и Армениа Балдучи (ит. Armenia Balducci) Главните улоги ги играат Џан Мариа Волонте (ит. Gian Maria Volonti), Матиа Сбраџа (ит. Mattia Sbragia), Бруно Занин (ит. Bruno Zanin) и Консуело Ферара (ит. Consuelo Ferrara).



На 09.05.1978 г. трагичната епизода на киднапирањето на Алдо Моро доживеа кулминација со убиството на главниот лик од страна на Црвените Бригади, по 55 дена заточеништво.

Филмот има намера да го реконструира периодот кога за првпат по толку години политичка борба комунистичката партија на Италија требаше да оствари парламентарно мнозинство, искажувајќи ѝ доверба на владата на Андреоти. Овој период е обележан од страшна вознемиреност, длабоки раздори помеѓу одделните партии, меѓу оние кои се залагаа за стабилност и заштита на институциите и оние кои беа на располаѓање за преговори за негово ослободување.

(Никулец на мк.Википедија.)

Филмот трае 110 минути.

(Блогот „Кинотека“ ѝ се заблагодарува на Катерина за помошта околу содржините за италјанските филмови.)

1 comments:

Anonymous said...

Turbias Brigadas Rojas

 
Кинотека. Design by Wpthemedesigner. Converted To Blogger Template By Anshul Tested by Blogger Templates.