Блогот Кинотека е неофицијално огледало на филмската програма на Кинотеката на Македонија и, понекогаш, на некои други филмски настани.

„Јас сум од Титов Велес“, 25.09.2011 (недела), 20 часот

Проекции: 25.09.2011 (недела), 20 часот

20 години филм во независна Македонија

Влезот е бесплатен.

„Јас сум од Титов Велес“

Афродита, Славица и Сафо се три сестри кои се обудуваат да преживеат, да го сочуваат семејството кое пополека се дезинтегрира. Родителите одамна ги напуштиле – мајката заминала, а таткото починал веднаш потоа. Како последица на тоа, Афродита одамна не зборува и го чека својот принц на бел коњ. Нејзината сестра-близначка Сафо, напротив, е доста промискуитетна и се занимава со ракомет. Најстарата, Славица, веќе неколку години е на метадон и се залажува и себеси и сестрите дека сè ќе биде во ред. Живеат во Титов Велес, град кој страда од топилницата за олово; сите околу нив полека умираат, а и тие трите си го чекаат својот ред... Но, и понатаму се надеваат дека за нив, некако, ќе дојдат подобри времиња.


Јас сум од Титов Велес
игран филм / 102 минути / 2007 година / колор / 35 мм.
Република Македонија

Режија: Теона Митевска - Стругар
Сценарио: Теона Митевска - Стругар
Директор на фотографија: Виржини Сен Мартен
Главни улоги: Лабина Митевска, Ана Костовска, Николина Кујача, Џевдет Јашари, Петар Мусевски

0 comments:

 
Кинотека. Design by Wpthemedesigner. Converted To Blogger Template By Anshul Tested by Blogger Templates.