Блогот Кинотека е неофицијално огледало на филмската програма на Кинотеката на Македонија и, понекогаш, на некои други филмски настани.

„Боли ли?“, 24.09.2011 (сабота), 20 часот

Проекции: 24.09.2011 (сабота), 20 часот

20 години филм во независна Македонија

Влезот е бесплатен.

„Боли ли?“

Една македонска режисерка се обидува да го сними првиот официјален догма-филм на Балканот. Ќе ги собере своите пријатели и им кажува дека наводно добила финансиска поддршка од странски продуценти. Исто, им кажува дека тие треба да помогнат да се најде вистинска приказна за филмот. Го следи и снима целиот процес на договарање, сугерирање, размислување уште од самиот почеток, а подоцна истите снимки ги користи во самиот филм. Преку ликовите што ги следи во филмот, таа ја разоткрива атмосферата во Македонија во 2006 година, атмосфера исполнета со секвенци на апсурдност и хумор, како и манифестација на техники на преживување што ги развиваат луѓето во една земја што минува низ транзиција. Проектот сам, всушност, станува единствената вистинска тема на филмот...



Боли ли?
игран филм / 98 минути / 2007 година / колор / 35 мм.
Република Македонија

Режија: Анета Лешниковска
Сценарио: Анета Лешниковска
Директор на фотографија: Ленерт Хилеге
Главни улоги: Ирена Ристиќ, Дејан Лилиќ, Даниела Стојковска, Амернис Нокшиќи-Јовановска, Бошко Бозаџиев, Игор Џамбазов, Висар Вишка

0 comments:

 
Кинотека. Design by Wpthemedesigner. Converted To Blogger Template By Anshul Tested by Blogger Templates.