Блогот Кинотека е неофицијално огледало на филмската програма на Кинотеката на Македонија и, понекогаш, на некои други филмски настани.

„Оркански висови“, 01.07.2011 (петок), 20 часот

Проекции: 01.07.2011 (петок), 20.00 часот
Скопско лето 2011: Незаборавни актери

„Оркански висови“

Приказна за несреќната љубов помеѓу Хитклиф и Кети, кои и покрај длабоката приврзаност, поради несреќните околности и предрасудите се осудени да живеат одвоено.
Филм на класикот на филмската режија Вилијам Вајлер според сценариото на Бен Хечт (еден од најпознатите и најквалитетни сценаристи на Холивуд), а врз основа на романот на Емили Бронте. Филм во кој доминира англиската актерска школа со големите англиски актери: Мерл Оберон, Лоренс Оливие и Дејвид Нивен.

 
Wuthering Heights
игран филм / 1939 година / 104 минути / црно-бел / 35мм
САД
 
Режија: Вилијам Вајлер

Сценарио: Чарлс Мекартур, Бен Хечт
Актери: Мерл Оберон, Лоренс Оливие, Дејвид Нивен 

0 comments:

 
Кинотека. Design by Wpthemedesigner. Converted To Blogger Template By Anshul Tested by Blogger Templates.