„МакеДокс" фестивал на креативен документарен филм
17 - 24.06.2011
Локации: Куршумли ан, Детски театарски центар и Кинотека на Македонија

Проекциите на филмовите повторно ќе се одвиваат под отвореното небо во Куршумли ан.
Ќе се одржуваат по две проекции, во 21 и во 23 часот.
Проекции ќе има и во Детскиот театарски центар во старата Скопска чаршија, со почеток во 17 и 19 часот.
Во Кинотеката на Македонија од 30 мај до 3 јуни учениците претфестивалски ја искусија програмата наменета за нив.
Фестивалот кој минатата година ги донесе најзначајните
наслови во светската креативна документаристика, годинава продолжува да
се реализира со проширена мисија.
„Вториот „МакеДокс“ е посиромашен во бројот на филмови, но е побогат со програми. Посодржаен, послоевит и постокмен. Помудар од лани.
Во Кинотека и старата Скопска чаршија ќе пренесеме дел од животот во Камбоџа, Полска, Шведска, Кореја, Зимбабве, Словачка, Бразил, САД, Холандија, преку очите, душата и умот на 40 извонредни автори.
Програмата на „МакеДокс“ годинава ја сочинуваат вкупно 35 актуелни и повеќекратно наградувани креативни документарни филмови. Натпреварувачки се три програми: „Главна програма“, „Нови автори“ и „Програма за деца и млади“.
Новост во програмата се тематската селекција „Еколошки документарни филмови“ и селекцијата од меѓународни „Кратки документарци“. Селектор на целата програма е Петра Селишкар.
Покрај филмските проекции, годинава се закажани повеќе придружни активности во програмата „МакеДокс плус“. Дел од нив се и трите работилници „Современиот документарец помеѓу реалноста и филмот“, „Критика на креативната документаристика“ и работилницата за видеоактивизам „Не мрази ги медиумите, стани медиум“.
Минатогодишната идеја - „Патувачко кино“, ќе се организира и оваа година. Во август „МакеДокс“ повторно ќе патува со кино-караванот низ шест нови градови и села во Македонија.

0 comments:
Post a Comment