Блогот Кинотека е неофицијално огледало на филмската програма на Кинотеката на Македонија и, понекогаш, на некои други филмски настани.

„Шарл, жив или мртов“

Проекции: 18 ноември (четврток), 20 часот

Шарл Де предводи фабрика за производство на часовници, бизнис што го наследил од своите татко и дедо. На 20-годишна возраст го преземал кормилото само за да не замре фамилијарниот бизнис, иако отсекогаш сонувал за поинаква иднина. Но на овие години, успехот не му значи многу зашто животот му е празен и тажен, поминал без да го проживее. И затоа решава да раскрсти со фамилијарното наследство, го остава и семејството и отседнува во хотел. Набрзо ќе се запознае со една млада двојка, која тера боемски живот. Тој се преселува кај Пол и Аделин и се прекрстува во Карло. Ќерка му Мариан потполно го сфаќа, но син му Пјер ќе најми детектив и адвокат...


Charles, mort ou vif
35мм/ црно-бел/ 93`
1969 година

Режисер: Алан Танер
Сценарио: Алан Танер
Улоги: Франсоа Симон, Марсел Робер, Мари-Клер Дуфор, Андре Шмит, Маја Симон

0 comments:

 
Кинотека. Design by Wpthemedesigner. Converted To Blogger Template By Anshul Tested by Blogger Templates.