Блогот Кинотека е неофицијално огледало на филмската програма на Кинотеката на Македонија и, понекогаш, на некои други филмски настани.

„Раните години на Вим Вендерс“, 27 септември (понеделник), 20 часот

Преку интимниот документарен филм, збогатен со извадоци од „Алис во градовите“ и „Кралеви на патот“, низа интервјуа со пријатели, семејството и соработници, филмскиот работник Марсел Вен аналитички и темелно ни ги разоткрива деталите за креативниот успех на интернационално признатиот режисер Вим Вендерс. Од првиот училиштен филмски проект до првите обиди за самостојна режија, Вендерс отворено зборува за односот со родителите, за својата уметничка замисла, за личните противречни ставови и чувства спрема женскиот род. Разговорот со Роби Милер, еден од соработниците на Вендерс, фрла поинакво светло врз достигнувањата на овој вешт кинематограф и страстен режисер.



Von einem der auszog - Wim Wenders 'frühe Jahre/ One Who Set Forth: Wim Wenders' Early Years
Документарен филм/ колор/ ДВД/ 100`
Германија, 2007 година

Режија: Марсел Вен
Сценарио: Марсел Вен
Директор на фотографија: Сара Ротер

Во филмот учествуваат: Еда Кошл, Лиса Кројцер, Јела Ротландер, Роби Мулер, Бруно Ганц, Хелмут Фарбер и други. (Edda Köchl, Lisa Kreuzer, Yella Rottländer, Robby Müller, Bruno Ganz, Helmut Färber)

0 comments:

 
Кинотека. Design by Wpthemedesigner. Converted To Blogger Template By Anshul Tested by Blogger Templates.