Блогот Кинотека е неофицијално огледало на филмската програма на Кинотеката на Македонија и, понекогаш, на некои други филмски настани.

Француски кино клуб: „Сентименталните судбини“, 28.05.2014 (среда), 20.00 часот

Проекции: 28.05.2014 (среда), 20.00 часот

ФРАНЦУСКИ КИНО КЛУБ

„Сентименталните судбини“

Кон крајот на 19-тиот век во Шарант, протестантскиот отец Жан Бариери ќе предизвика локална вознемиреност кога ќе се раздели од својата опсесивна жена, но уште повеќе - откако ќе ја прими назад во својот дом. Но, за тоа време тој сè повеќе се интересира за Паулина, внуката на производителот на коњак, а ова го втурнува во развод од жена си, со која се спогодува да ги делат акциите од неговата фабрика за порцелан. Тој се откажува од свештеништвото и се жени за Паулина и заедно се преселуваат во Швајцарија за да живеат мирен заеднички живот. По смртта на неговиот татко тој решава да се врати во селото за да се обиде да ја спаси семејната фабрика, но претчувствува дека тоа ќе му го промени целиот живот.



(Les destinées sentimentales)
игран филм, Франција
2000, колор, 180 мин., ДВД

режија: Оливие Асејас (Olivier Assayas);
сценарио: Оливие Асејас, Жак Шардон, Жак Фиши (Olivier Assayas, Jacques Chardonne, Jacques Fieschi);
улоги: Емануела Беар, Шарл Берлинг, Изабел Ипер (Emmanuelle Béart, Charles Berling, Isabelle Huppert).

0 comments:

 
Кинотека. Design by Wpthemedesigner. Converted To Blogger Template By Anshul Tested by Blogger Templates.