Блогот Кинотека е неофицијално огледало на филмската програма на Кинотеката на Македонија и, понекогаш, на некои други филмски настани.

Започнува 17-от Скопски филмски фестивал, 23-30.04.2014, 20.00 часот

Проекции: 23-30.04.2014, 20.00 часот

Започнува 17-от Скопски филмски фестивал

Фестивалот ќе се отвори со руската историска драма, воениот спектакл „Сталинград“ на Фјодор Бондарчук, снимен во најновата 3-Д Имакс технологија. Филмот на Бондарчук е авторска екранизација на една од најкрвавите битки во историјата во која загинаа 2 милиона луѓе и која беше една од пресудните за исходот на Втората Светска војна.

Филмовите во рамките на фестивалот ќе бидат прикажувани на три локации, Кино Милениум, Кинотека на Република Македонија и кино Фросина.

Програмата можете да погледнете на следниов линк, како и распоредот на филмовите во Кино Милениум и Кинотека на Република Македонија и Кино Фросина.



Постерот на овогодинешниот филмски фестивал им оддава почит на VHS касетите, чиј пазар во 1997 година доживеа неповторлив пад поради новиот изум - DVD. Скопскиот филмски фестивал првпат се одржува истата година.

Дел од светски познатите автори чии филмови ќе имаме прилика да ги видиме овие осум дена се Лукас Мудисон, Ким Ки-дук, Џиџ Џармуш, Мајкл Гондри, Серен Крег Јакобсон, Веико Оунпу, Фјодор Бондарчук и Улрих Зајдл.


Повеќе на веб страницата на Скопски филмски фестивал: http://www.skopjefilmfestival.com.mk/

0 comments:

 
Кинотека. Design by Wpthemedesigner. Converted To Blogger Template By Anshul Tested by Blogger Templates.