Блогот Кинотека е неофицијално огледало на филмската програма на Кинотеката на Македонија и, понекогаш, на некои други филмски настани.

„Кери“, 15-16.04.2014 (вторник-среда), 20.00 часот

Проекции: 15-16.04.2014 (вторник-среда), 20.00 часот

„Кери“

Филм на Брајан Де Палма од 1976 г. според првата книга на Стивен Кинг „Кери“. По успехот на овој филм Кинг станува најпознатиот жанровски писател во светот, а неговите книги ги филмуваат и Стенли Кјубрик, Џон Карпентер и други. Во филмот се појавува и младиот и сè уште непознат Џон Траволта. Кери Вајт е срамежлива млада девојка која не остварува пријателства. На часот по физичко воспитување нејзините школски другарки ќе се исмеваат на нејзината наивност. Но популарната девојка Сју ќе се сожали на неа и ќе го замоли нејзиното момче Томи да ја однесе Кери на матурската прослава. Но, злобата на останатите соученички ќе биде голема, што дури една од нив ќе подготви ужасен трик кој ќе сака да и’ го приреди на Кери.



(Carrie)
игран филм, САД
1976, 98 мин., колор, 35 мм

режија: Брајан Де Палма (Brian De Palma);
сценарио: Стивен Кинг, Лоренс Д. Коен (Stephen King, Lawrence D. Cohen);
улоги: Сиси Спејсек, Пајпер Лори, Ејми Ирвинг (Sissy Spacek, Piper Laurie, Amy Irving).

0 comments:

 
Кинотека. Design by Wpthemedesigner. Converted To Blogger Template By Anshul Tested by Blogger Templates.