Проекции: 29.01.2014 (среда), 20.00 часот
РИЗНИЦА НА КИНОТЕКАТА
„Јужна патека“
Во домот, во кој постојано се слушаат расправиите на мајката Неда и нејзината ќерка, се очекува пристигнувањето на синот Ѓорѓи, по завршувањето на постдипломските студии во друг град. Мајката, која нема големи приходи, принудена е да ја изнајмува едната соба од куќата на потстанари. Веднаш по пристигнувањето во домот, Ѓорѓи се соочува со новата потстанарка. На негово големо изненадување тоа е Ана, неговата поранешна девојка. Не можејќи да се снајде во неочекуваната ситуација, Ѓорѓи веднаш оди кај својот другар Данчо. Ја наоѓа само неговата сопруга која го известува дека нивниот брак се распаѓа...
игран филм, Македонија
1982, 108 мин, колор, 35 мм
режија: Стево Црвенковски;
сценарио: Стево Црвенковски, Гојко Шкариќ;
улоги: Александар Берчек, Коле Ангеловски, Маја Оџаклиевска, Милица Стојанова, Неда Арнериќ, Петар Арсовски.
0 comments:
Post a Comment