Блогот Кинотека е неофицијално огледало на филмската програма на Кинотеката на Македонија и, понекогаш, на некои други филмски настани.

Премиера на „Сведоци: Канада“, 10.01.2014 (петок), 13.00 часот

Проекции: 10.01.2014 (петок), 13.00 часот

МАКЕДОНСКИ СОВРЕМЕН ДОКУМЕНТАРЕН ФИЛМ

Премиера на „Сведоци: Канада“

Компилациски анкетно-биографски документарен филм на историска тема, втор дел од документарната трилогија „Сведоци“, кој ја раскажува приказната за протерувањето на Македонците од Егејска Македонија, овој пат видена низ очите на македонската емиграција во Канада. Во филмот дефилираат повеќе од седумдесетина соговорници, што го прави раритетен во македонската филмска продукција. Филмот е реализиран од интервјуата снимени во Канада во 2011 г., во рамките на владиниот проект со кој раководи Кинотека на Македонија: „Евидентирање, фотографирање, снимање и архивирање на видеоматеријали и разговори со Македонци протерани од Егејска Македонија во 20 век“.



(Witnesses: Canada)
документарен филм, Република Македонија
2014, 123 мин, ДВД

режија и сценарио: Атанас Чупоски;
супервизија на реализација на филмот: Мими Ѓоргоска-Илиевска;
монтажа: Александар Трајковски;
камера на интервјуата: Кирил Шентевски, Душан Вујичиќ.

0 comments:

 
Кинотека. Design by Wpthemedesigner. Converted To Blogger Template By Anshul Tested by Blogger Templates.