Блогот Кинотека е неофицијално огледало на филмската програма на Кинотеката на Македонија и, понекогаш, на некои други филмски настани.

„Сите добри деца“, 6-7.04.2013 (сабота-недела), 20.00 часот

Проекции: 6-7.04.2013 (сабота-недела), 20.00 часот

„Сите добри деца“

По смртта на нивната мајка, интровертниот тинејџер Дара и неговиот постар брат Еоин, заедно со нивниот татко се преселуваат од Ирска во Франција. Додека шетаат во блиската шума, Дара наидува на напуштен дворец кој што е откупен од добростоечко англиско семејство. Ќерката на сопствениците на дворецот, Бела, се спријателува со срамежливиот Дара, кој бескрајно ќе се вљуби во неа. Бела има типични англиски аристократски манири и постојано ги игнорира неговите чувства.



(All Good Children)
игран филм / Ирска / Велика Британија
2010 година / 80 мин. / колор / 35 мм

режија и сценарио: Алиша Дафи (Alicia Duffy);
улоги: Џек Глисон, Дејвид Бразил, Имоџен Џонс (Jack Gleeson, David Brasil, Imogen Jones).

„Кутија“, 4-5.04.2013 (четврток-петок), 20.00 часот

Проекции: 4-5.04.2013 (четврток-петок), 20.00 часот

„Кутија“

Норма и Артур Луис се млада брачна двојка од предградието. Еден ден пред својот праг ќе најдат едноставна дрвена кутија, која ќе предизвика фатални последици во нивниот живот. Имено, ќе добијат мистериозна порака дека доколку притиснат одредено копче на кутијата, ќе добијат еден милион долари. Меѓутоа, пораката вели, истото тоа притиснување на копчето кое „чини“ милион долари, ќе предизвика смрт на човечко суштество, каде било во светот. Само 24 часа откако ќе посегнат по кутијата, Норма и Артур се соочуваат со голема морална дилема...



(The Box)
игран филм / САД
2009 година / 115 мин. / колор / 35 мм

режија: Ричард Кели (Richard Kelly);
сценарио: Ричард Кели, според расказ на Ричард Матесон (Richard Kelly, Richard Matheson);
улоги: Камерoн Дијаз, Џејмс Марзден, Франк Лангела (Cameron Diaz, James Marsden, Frank Langella).

Промоција на „Поет на револуцијата“, 03.04.2013 (среда), 20.00 часот

Проекции: 03.04.2013 (среда), 20.00 часот

Промоција на документарен филм за поетот Монгани Вали Сероте

„Поет на револуцијата“

Документарниот филм „Поет на Револуцијата“ е посветен на добитникот на 51-то издание на Струшките вечери на поезијата, јужноафриканскиот поет Монгани Вали Сероте (Mongane Wally Serote). Филмот е во продукција на Македонската телевизија и претставува продолжение на низата поетски портрети кои секоја година оваа телевизија ги посветува на добитниците на престижната наградата „Златен венец“ на СВП.

Филмот се концентрира на животот и творечкиот опус на Монгани Вали Сероте, еден од најреномираните африкански поети и ревoлуционери против власта на Апартхејдот.
Поетот е добитник на многу престижни награди, меѓу кои спаѓаат значајната „Нома“ награда за издаваштво во Африка, во 2004 година ја добил и големата награда „Пабло Неруда” во Чиле, а од неодамна се здобил и со државното признание на Јужна Африка редот на „Икаманга во сребро”. Монгани Вали Сероте е почесен член на Друштвото на писатели на Република Македонија. 


Сценарио и режија: Диме Ратајкоски
Режисерот е уредник на првиот програмски сервис на Македонската радио телевизија.


ДЕНОВИ НА РОМАНСКА КОМЕДИЈА: „Мечка“, 02.04.2013 (вторник), 20.00 часот

Проекции: 02.04.2013 (вторник), 20.00 часот

ДЕНОВИ НА РОМАНСКА КОМЕДИЈА

„Мечка“

Во обид да ги надмине наследените финансиски проблеми, новиот менаџер на еден циркус во Букурешт ќе се обиде да ја продаде старата мечка која е пред умирање на група германски ловци на дивеч. Кога останатите во циркусот ќе дознаат што ù се подготвува на мечката, ќе се спротивстават на оваа „трансакција“. Меѓутоа, менаџерот е решен планот да го истера до крај и ќе ја киднапира мечката. Останатите циркузанти тргнуваат во потера по животното, и самата бркотницата почнува да наликува на циркуска точка.



(Ursul)
игран филм / Романија
2011 година / 83 мин. / колор / БЕТА СП

режија и сценарио: Дан Чизу (Dan Chişu);
улоги: Шербан Павлу, Габриел Спахиу, Никодим Унгуреану, Клаудиу Блеонц, Михај Константин (Şerban Pavlu, Gabriel Spahiu, Nicodim Ungureanu, Claudiu Bleonţ, Mihai Constantin).

ДЕНОВИ НА РОМАНСКА КОМЕДИЈА: „Свадба во Бесарабија“, 01.04.2013 (понеделник), 20.00 часот

Проекции: 01.04.2013 (понеделник), 20.00 часот

ДЕНОВИ НА РОМАНСКА КОМЕДИЈА

„Свадба во Бесарабија“

Младите Влад и Вика се обидуваат да живеат заедно, да создадат семејство. Бидејќи се без пари, ќе се решат свадбата да ја направат во Кишњев, Молдавија (Бесарабија), од каде што потекнува Вика. Според бесарабиските обичаи, на свадбата младенците треба да добијат доста подароци и пари, а токму на тоа тие и се надеваат. Многу нешта ќе се случат на и околу свадбата - недоверба и сомнеж кај сватовите, политички дискусии, идеолошки обоени меѓусебни обвинувања. Сепак целиот настан наликува на портретирање на една средина во која човечноста и љубовта кон животот ги надминуваат сите маки и недоразбирања.



(Nunta in Basarabia)
игран филм, Романија / Молдавија / Луксембург
2010 година / 92 мин. / колор / БЕТА СП

режија и сценарио: Нап Тоадер (Napoleon Helmis);
улоги: Влад Логиган, Викторија Бобу, Константин Флореску, Игор Чистол (Vlad Logigan, Victoria Bobu, Constantin Florescu, Igor Chistol).

ДЕНОВИ НА РОМАНСКА КОМЕДИЈА: „Полжави и луѓе“, 31.03.2013 (недела), 20.00 часот

Проекции: 31.03.2013 (недела), 20.00 часот

ДЕНОВИ НА РОМАНСКА КОМЕДИЈА

„Полжави и луѓе“

Додека Букурешт се претвора во европска метропола и економски се престројува, зафрлените места во Романија за време на транзицијата во почетокот на 90-ите паѓаат во тешка криза и апатија. Во Кампулунг, една од најголемите државни фабрики се затвора и околу 1000 работници остануваат без работа. Директорот на фабриката се обидува да направи зделка со француски бизнисмени и да ги пренамени погоните за конзервирање полжави, за барем дел од луѓето да не изгубат работа. Георге, претседателот на синдикатот, пак, доаѓа до необична идеја - со донирање сперма, работниците да соберат доволно пари за да ја спасат фабриката. Филмот е снимен по вистински настан.



(Despre oameni şi melci)
игран филм / Романија
2012 година / 93 мин. / колор / БЕТА СП

режија: Тудор Џурџиу (Tudor Giurgiu);
сценарио: Јонут Тејану (Ionut Teianu);
улоги: Анди Васлујану, Моника Барладеану, Никодим Унгуреану, Клара Вода, Андреа Бибири (Andi Vasluianu, Monica Bârlâdeanu, Nicodim Ungureanu, Clara Vodâ, Andrea Bibiri).
 
Кинотека. Design by Wpthemedesigner. Converted To Blogger Template By Anshul Tested by Blogger Templates.