Блогот Кинотека е неофицијално огледало на филмската програма на Кинотеката на Македонија и, понекогаш, на некои други филмски настани.

Промоција на „Поет на револуцијата“, 03.04.2013 (среда), 20.00 часот

Проекции: 03.04.2013 (среда), 20.00 часот

Промоција на документарен филм за поетот Монгани Вали Сероте

„Поет на револуцијата“

Документарниот филм „Поет на Револуцијата“ е посветен на добитникот на 51-то издание на Струшките вечери на поезијата, јужноафриканскиот поет Монгани Вали Сероте (Mongane Wally Serote). Филмот е во продукција на Македонската телевизија и претставува продолжение на низата поетски портрети кои секоја година оваа телевизија ги посветува на добитниците на престижната наградата „Златен венец“ на СВП.

Филмот се концентрира на животот и творечкиот опус на Монгани Вали Сероте, еден од најреномираните африкански поети и ревoлуционери против власта на Апартхејдот.
Поетот е добитник на многу престижни награди, меѓу кои спаѓаат значајната „Нома“ награда за издаваштво во Африка, во 2004 година ја добил и големата награда „Пабло Неруда” во Чиле, а од неодамна се здобил и со државното признание на Јужна Африка редот на „Икаманга во сребро”. Монгани Вали Сероте е почесен член на Друштвото на писатели на Република Македонија. 


Сценарио и режија: Диме Ратајкоски
Режисерот е уредник на првиот програмски сервис на Македонската радио телевизија.


0 comments:

 
Кинотека. Design by Wpthemedesigner. Converted To Blogger Template By Anshul Tested by Blogger Templates.