Проекции: 27.12.2013, 20.00 часот
АВТОРСКА ВЕЧЕР СО СУЗАНА ДИНЕВСКИ
„Трагачи по звукот“
Приказна за македонскиот Страдивари од Велес, Светозар Богданоски, единствениот изработувач на виолини во Македонија, и за неговиот син, Костадин, кој е концерт мајстор во операта „Гран театаре дел Лисеу“ во Барселона, Шпанија. Костадин свири исклучиво на виолините изработени од неговиот татко. Односот помеѓу таткото и синот се базира на љубовта кон музиката и страста кон виолината. Оваа година филмот беше прикажан на Канскиот филмски фестивал во програмата Short Film Corner.
(Sound Seekers)
документарен филм, Република Македонија / Канада
2013, 30 мин., колор, блу-реј
сценарио и режија: Сузана Диневски
„Децата од 1948“
Како последица на Граѓанската војна во Грција (1946-1949), повеќе од 28.000 деца на возраст од 2-14 години, со солзи во очите беа одвоени своите родители и врсници, и, за да бидат поштедени од последиците на војната, испратени во различни земји во Источна Европа. Растени во заеднички домови и кампови, далеку од семејствата, со себе го носат целиот товар на случувањата од тој период. Со помош на Црвениот крст, тие со години трагаат по своите изгубени и блиски. Во 2004 година, Диневски ја добри наградата Kodak Imaging Award за најдобар млад канадски режисер, додека во 2006 година, ја доби Специјалната награда за човекови права на фестивалот Balkan Black Box во Берлин, Германија.
(Children of `48)
документарен филм, Република Македонија / Канада
2004, 31 мин., колор, Beta SP PAL
сценарио и режија: Сузана Диневски
0 comments:
Post a Comment