Проекции: 05.12.2013 (четврток), 20.00 часот, кино Милениум
200 години од раѓањето на Рихард Вагнер
„Рихард Вагнер“
Уште еден „филмски концерт“ во организација на Гете-институтот во Скопје, Кинотеката на Македонија и Македонската филхармонија, а под диригентство на маестро Хелмут Имиг, кој за овој повод ја адаптираше за оркестарот оригиналната музика напишана за филмот од Џузепе Бече, кој ја толкува улогата на Вагнер.
Биографскиот филм за германскиот композитор е снимен во 1913 година, а ова 100 години старо филмско дело е повторно достапно за публиката благодарение на верзијата реконструирана од страна на Фондацијата Фридрих Вилхелм Мурнау, ЦДФ/АРТЕ и Холандскиот филмски институт.
(Richard Wagner / The Life and Works of Richard Wagner)
игран филм, Германија
1913, 110 мин., црно-бел, блу-реј
режија: Карл Фројлих, Вилијам Вауер (Carl Froelich, William Wauer);
сценарио: Вилијам Вауер (William Wauer);
улоги: Џузепе Бече, Олга Енгл, Мени Цинер, Ернст Рајхер, Миријам Хоровиц (Giuseppe Becce, Olga Engl, Manny Ziener, Ernst Reicher, Miriam Horowitz).
0 comments:
Post a Comment