Проекции: 14-15.12.2013 (сабота-недела), 20.00 часот
„Бурен понеделник“
Деби филм на Мајкл Фиџис кој подоцна ќе го сними оскаровецот „Заминување од Лас Вегас“. Филмот е посвета на „Фатете го Картер“, еден од најзначајните филмови на англиската филмска струја од седумдесетите години. Во филмот ќе го видиме Стинг како сопственик на џез клуб („Бурен понеделник“ е песна на Ти Боун Вокер) кој се обидува да го спречи преземањето на клубот од страна на американскиот бизнис мафијаш кој го игра Томи Ли Џонс. Нормално дека во сето тоа ќе се замеша и романсата помеѓу Мелани Грифит и Шон Бин...
(Stormy Monday)
игран филм, Велика Британија/САД
1988, 93 мин., колор, 35 мм
режија и сценарио: Mike Figgis (Мајк Фиџис);
улоги: Мелани Грифит, Томи Ли Џонс, Стинг, Шон Бин (Melanie Griffith; Tommy Lee Jones; Sting; Sean Bean).
0 comments:
Post a Comment