Блогот Кинотека е неофицијално огледало на филмската програма на Кинотеката на Македонија и, понекогаш, на некои други филмски настани.

Премиера на „Убав ден за умирање“, 04.12.2013 (среда), 20.00 часот

Проекции: 04.12.2013 (среда), 20.00 часот

Премиера на краток игран македонски филм

„Убав ден за умирање“

Филмот од поинаков аспект се занимава со негативниот феномен на самоубиството во современите општества. Ова е приказна за Мети, маж на околу 50 години кој одлучува да се самоубие поради монотонијата на својот живот и неможноста да се грижи за своето семејство. Тој ја сака точноста и е многу врзан за датумите и часовите. Заминува од својот дом во намерата да изнајде причини да се оттргне од животот...



Улоги: Сенад Абдули, Наиме Ази, Леарт Абдули, Деа Сабриу, Адриан Кадри и Неџла Абдули Сценарио: Зимбер Келменди
Директор на фотографија: Роберт Јанкулоски
Монтажа: Лазар Секуловски.
Режија: Сенад Абдули

„Убаво време за умирање“ е во продукција на „Арнел продукција“ и е поддржан од Филмскиот фонд на Македонија.

0 comments:

 
Кинотека. Design by Wpthemedesigner. Converted To Blogger Template By Anshul Tested by Blogger Templates.