Проекции: 28.11.2013 (четврток), 20.00 часот
СОВРЕМЕН КИНЕСКИ ФИЛМ
„Патувајќи илјада милји“
Рибарот Таката живее во едно зафрлено јапонско село и веќе подолго време тагува по својот син Кеничи, со кого не се во добри односи. Кога неговата снаа Рие ќе му каже дека Кеничи лежи во болница, Таката ќе се обиде ситуацијата да ја искористи за да се смири со синот. Откако синот ќе одбие да го види таткото, снаата на стариот ќе му даде видеолента, од која таткото ќе дознае дека синот е голем љубител на кинеската опера, но заради болеста нема да успее да ја погледне последната изведба на оперскиот пејач Ли Џијамин. Стариот Таката ќе реши да отпатува во далечното кинеско село за да ја сними изведбата на Џиајмин и да му ја покаже на синот кој лежи на болничка постела.
(Qian li zou dan qi / Riding Alone For Thousands Of Miles)
игран филм, Кина / Хонг Конг / Јапонија
2005, 110 мин., колор, ДВД
режија: Џанг Јиму (Zhang Yimou);
сценарио: Зу Џингзи (Zou Jinghzi);
улоги: Кен Такакура, Шинобу Тераима, Киичи Накаи, Кен Накамото (Ken Takakura, Shinobu Terajima, Kiichi Nakai, Ken Nakamoto).
0 comments:
Post a Comment