Проекции: 14-23.11.2013 во кино Милениум, кино Фросина - МКЦ и Кинотека на РМ
ЗАПОЧНУВА СИНЕДЕЈС 2013, 12-то издание на фестивалот за европски филм
14-23 ноември 2013
www.cinedays.mk
Денес на програмата на „Синедејс“: http://cinedays.mk/en/category/14-nov-2013/
Oтворање на „Синедејс“ со музичкиот документарен филм „Меѓу два урагани“
20.00 часот во кино Милениум

21.00 часот во кино Фросина - МКЦ
„Меѓу два урагани“
„Меѓу два урагана“ во режија на Брет Морген, филм – кандидат за Оскар, ни дава една извонредна, сосема нова перспектива на исклучителниот пат на „Стоунси“ од тинејџери опседнати со блуз во раните 60-ти до кралеви на рокот. Сето тоа е панорамски и непристрасно сместено во овој филм, почнувајќи од познатиот клуб „Марки“ па сè до Хајд парк, од „Алтамонт“ до „Егзил“, од клупските свирки до стадионските спектакли. Филмските работници кои работеа на „Меѓу два урагана“ успеаја да соберат повеќе од 1.000 часа видео-снимки и 500 часа аудио-записи така што добија пристап до исфрлените делови од речиси сите документарни филмови за „Ролинг Стоунс“. Со досега невидени снимки, пред сѐ оние од „Gimme Shelter” и „Cocksucker Blues”, како и со луцидни сведоштва на самите членови на бендот, овој филм ќе ги воодушеви, изненади и остави без зборови сите долгогодишни обожаватели на бендот, како и неговите нови фанови, со својот уникатен и извонреден стил и призвук. Со повеќе од 80 часа нови интервјуа со бендот, филмот бележи најдолго учество на „Стоунси“ во еден документарен филм воопшто.

CROSSFIRE HURRICANE
Времетраење / Runtime: 111’
Држава / Country: САД / USA
Јазик / Language: Англиски / English
Премиера / Release date: 18.10.2012.
Режија / Director: Brett Morgen
Сценарио / Writers: Brett Morgen
Продуцент / Produced by: Mick Jagger, Victoria Pearmann
Продукција / Production Companies: Milkwood Films, Tremolo Productions
Монтажа / Film Editing by: Stuart Levy, Conor O’Neal
Улоги / Cast: Mick Jagger, Keith Richards, Charlie Watts, Ron Wood, Bill Wyman, Mick Taylor
0 comments:
Post a Comment