Проекции: 10.11.2013 (недела), 20.00 часот
НЕДЕЛА НА ШВЕДСКИ ФИЛМ
„Среќен крај“
„Среќен крај“ е бајка за возрасни. Петмина луѓе се поврзани еден со друг, но не и искрени еден кон друг. Живеат во свет на сенки, исполнет со лаги и невистини, едвај чекат некој да ја обелодени вистината за да можат да си ги насочат животите во друг правец. Ова е последниот филм на Бјорн Рунге од трилогијата тематски посветена на ликови кои се обидуваат да се ослободат од самоуништување, во која спаѓаат и филмовите „Разденување“ (Daybreak, 2003) и „Уста на уста“ (Mouth to Mouth, 2005).
(Happy End)
игран филм, Шведска / Данска
2011, 97 мин., колор, HD Digital
режија: Бјорн Рунге (Björn Runge);
сценарио Ким Фупц Ајкесон (Kim Fupz Aakeson);
улоги: Ан Петрен, Малин Буска, Густаф Скарсгард, Јохан Вилдерберг, Петер Андерсон (Ann Petrén, Malin Buska, Gustaf Sakrgård, Johan Wilderberg, Peter Andersson).
0 comments:
Post a Comment