Проекции: 08.11.2013 (петок), 20.00 часот
НЕДЕЛА НА ШВЕДСКИ ФИЛМ
„Пилотска кабина“
Откако пилотот Вале истовремено ќе ги изгуби и работата и сопругата, на секаков начин ќе се обиде да си го стабилизира животот. Клучно е повторно да најде работа, но онаму каде што сака да аплицира, еден од условите е кандидатот за пилот да биде жена. Како „Марија“ тој ќе ја добие работата, но преправањето во жена уште повеќе ќе му го искомплицира и професионалниот и приватниот живот. По еден немил настан, Виле, преправен во „Марија“, ќе успее да ги спаси патниците на авионот и да спречи поголема несреќа. Но, кој од нив двајцата - Виле или Марија - ќе ги понесе ловориките за херојското дело?
(Cockpit)
игран филм, Шведска
2012, 96 мин., колор, HD Digital
режија: Мартен Клингберг (Mårten Klingberg);
сценарио: Ерик Арнбом (Erik Ahrnbom);
улоги: Јонас Карлсон, Марие Робертсон, Елен Јелинек, Давид Бонте Атерберг, Карин Литман (Jonas Karlsson, Marie Robertson, Ellen Jelinek, David Bonté Atterberg, Karin Lithman).
0 comments:
Post a Comment