Проекции: 05.11.2013 (вторник), 18.00 и 20.00 часот, Кинотека на Македонија
НЕДЕЛА НА ТУРСКИ ФИЛМ
18.00 часот
„Мојата сестра Момо“
Во едно анатолиско село, деветгодишниот Ахмет е ставен пред големи искушенија. Тој истовремено треба да биде поголем брат, но и татко и мајка и учител на својата помала сестричка Ајше, и покрај тоа што и самиот не е доволно зрел за таква одговорност. Нивниот татко Ќазим, по смртта на мајката, заминал за да се ожени со друга жена и своите две деца му ги препуштил на дедото Хасан кој е инвалид и премногу стар да се грижи за децата. Ахмет и Ајше како да се препуштени сами на себе...
(Mommo / The Bogeyman)
игран филм, Турција
2009, 91 мин., колор, ДВД
режија и сценарио: Аталај Ташдикен (Atalay Taşdiken);
улоги: Елиф Буљбуљ, Мете Донмезер, Мустафа Узунјилмаз, Мехмет Уста (Elif Bülbül, Mete Dönmezer, Mustafa Uzunyılmaz, Mehmet Usta).
20.00 часот
„Погрешна бројаница“
Муса, кој за прв пат доаѓа во градот, започнува обука за „муезин“. Задолжен е за неколку работи во џамијата и добива сместување. Набргу по пристигнувањето тој ќе се сретне со Клара - католичка сестра - и уште од првата нивна средба меѓу нив се развива симпатија и топли чувства. Младиот муезин не сака да си признае дека се вљубува во жената која ѝ припаѓа и ѝ е посветена на друга вера, но како одминува времето, таа опсесија му станува единствена преокупација. Истовремено, Муса се запознава со библиофилот Јакуп во црквата која Клара редовно ја посетува, и почнува да работи за него. Неколку чудни и неочекувани пресврти се случуваат и им ги преплетуваат животите...
(Uzak İhtimal / Wrong Rosary)
игран филм, Турција
2009, 90 мин., колор, ДВД
режија: Махмут Фазли Џошкун (Mahumt Fazlı Coşkun);
сценарио: Тарик Туфан, Ѓоркем Јелтан, Бекташ Тапалоглу (Tarık Tufan, Görkem Yeltan, Bektaş Tapaloğlu);
улоги: Надир Сарибаџак, Ѓоркем Јелтан, Ерсан Ујусал (Nadir Sarıbacak, Görkem Yeltan, Ersan Uyusal).
0 comments:
Post a Comment