Проекции: 01.11.2013 (петок), 19.00 и 21.00 часот
НЕДЕЛА НА ТУРСКИ ФИЛМ
19.00 часот
„Битола, мој роден крај“
Документарен филм за животот на Ајри Демировски, кого во балканските земји го препознаваат по хитот „Битола, мој роден крај“. Денес за Битолчани таа песна претставува химна на градот; со неа го започнуваат и го завршуваат денот. Демировски ја раскажува својата животна сторија - како од Битола стигнал до Измир, Турција, менувајќи повеќе професии (бербер, пејач, печатар) и минувајќи низ неколку премрежја (сирак, партизан, печалбар).
(Manastır Doğum Yerim / Bitola My Birth Place)
документарен филм, Турција
2011, 64 мин., колор, ДВД
режија и сценарио: Јасин Али Туркери (Yasin Ali Türkeri);
учествуваат: Aјри Демировски, Муамер Кетенџоглу Виолета Томовска, (Hayri Demirovski, Muammer Ketencoğlu, Violeta Tomovska).
21.00 часот
„Есен“

По десетгодишен престој во затвор заради политичка активност, Јусуф е пуштен на слобода заради лоша здравствена дијагноза. Тој ќе се врати дома, во едно мало гратче покрај Црното Море, кадешто живее мајка му. Мајка му е среќна што тој и' се вратил, но таа не може на Јусуф да му даде ниту емотивна ниту духовна поддршка иако тој има очајна потреба од тоа. Со својот школски пријател Јусуф ќе замине на море, малку да се одмори и да се опушти, и тука ќе се запознае една проститутка со која ќе се покаже дека имаат многу заеднички нешта.
(Sonbahar / Autumn)
игран филм, Турција / Германија
2008, 95 мин., колор, ДВД
режија и сценарио: Озџан Алпер (Özcan Alper);
улоги: Онур Сајлак, Меги Кобалаѕе, Серкан Кескин, Раифе Јениѓул (Onur Saylak, Megi Kobaladze, Serkan Keskin, Raife Yenigül).
0 comments:
Post a Comment