Проекции: 31.10.2013 (четврток), 20.00 часот
„Како лош сон“
Шејтан го поминал виорот на последната војна на Балканот, се обидува да го заборави минатото и да се препушти на љубовта кон Иконија. Иван, кој благодарение на добиената стипендија успева да ја избегне војната, е наивен, доста самоуверен и восхитен од предавањата и личноста на Професорот, но ќе биде сурово измамен за довербата што ќе му ја даде. Повремено, Шејтан и Иван комуницираат, но без можност меѓусебно да си влијаат на судбините. Нивните животи наликуваат на лош сон.
(Kao u lošem snu / Like a Bad Dream)
игран филм, Република Македонија / Хрватска
2003, 93 мин., колор, 35 мм
режија: Антонио Митриќески;
сценарио: Дејан Дуковски, Антонио Митриќески;
улоги: Ертан Шабан, Предраг Мики Манојловиќ, Искра Ветерова, Верица Недевска, Феми Груби.
0 comments:
Post a Comment