Проекции: 30.10.2013 (среда), 20.00 часот
„Преку езерото“
Младиот охриѓанец Константин се вљубува во Елена, Македонка што живее во Корча, Албанија. Во 1948 година, кога регионот станува политички нестабилен, нивната љубов е однапред осудена на пропаст. Константин мечтае по Елена која е преку езерото и се решава со кајче да довесла до неа - пат од кој нема да се врати во следните четири децении. Филмот е инспириран од вистинска љубовна приказна.
(Poprzez jezioro / Across the Lake)
игран филм, Македонија / Полска
1997, 83 мин., колор, 35 мм
режија: Антонио Митриќески;
сценарио: Ташко Георгиевски, Антонио Митриќески;
улоги: Никола Ристановски, Агњешка Вагнер, Љупчо Бреслиски, Екрем Ахмети, Бедија Беговска.
0 comments:
Post a Comment