Проекции: 28.10.2013 (понеделник), 20.00 часот
Свечена проекција на филм на Кирил Ценевски, годинешен добитник на наградата Златен објектив за исклучителен придонес во македонската кинематографија.
„Јад“
Семејна и историска драма што се случува во Охрид, во 11 век, во време на појавата на богомилското движење и на присилната христијанизација на словенското население, од страна на византиската црква, а кое сè уште практикува пагански ритуали. Старешината Аврам долго време посакува да добие наследник, а молбите, упатени и до словенските богови и до христијанскиот Бог, ќе му донесат не еден ами два сина. Еден вонбрачен и еден од неговата сопруга. Судбината ќе се поигра со нивните животи и ќе реши кој од нив двајцата ќе му стане наследник на Аврама.
Во 1975 година на Филмскиот фестивал во Пула, снимателот Љубе Петковски ја доби „Златната арена“ за камера во „Јад“. Во 1976 година, на Меѓународниот филмски фестивал во Карлови Вари Никица Лазаревски ја доби Првата награда за сценографија, а филмот ја доби Специјалната награда.
игран филм, Македонија
1975, 119 мин., колор, 35 мм
режија и сценарио: Кирил Ценевски;
улоги: Сабина Ајрула-Тозија, Олег Видов, Нада Гешовска, Дарко Дамевски, Марга Потоцка.
0 comments:
Post a Comment