Блогот Кинотека е неофицијално огледало на филмската програма на Кинотеката на Македонија и, понекогаш, на некои други филмски настани.

„Мнозинството почнува тука“, 25.09.2013 (среда), 20.00 часот

Проекции: 25.09.2013 (среда), 20.00 часот

„Мнозинството почнува тука“

Две децении по почетокот на војните кои придонесоа за распадот на Југославија, шестмина млади од поранешните југословенски републики патуваат заедно низ новите независни држави на Балканот. Вчудоневидени се од тоа колку добро се сложуваат, изненадени од тоа колку заеднички нешта имаат, но и од тоа колку малку знаат едни за други. Дали овие млади луѓе се претставници на својата генерација? Нивниот одговор е едногласен: „Мнозинството почнува тука!“

Филмот е снимен во рамките на проектот „Балканска транзициска правда“ и е дел од програмата на BIRN (Балканска истражувачка мрежа), финансирана од Европската Комисија и Министерството за надворешни работи на Швајцарија.



(The Majority Starts Here)
документарен филм
2012, 50 мин., колор, ДВД

режија: Лоде Десмет (Lode Desmet);
учествуваат: Бард Шкрељи, Ѓорѓе Мрдак, Магда Ориѓанска, Симона Милановиќ, Вања Лазиќ и Звонимир Звонар (Bardh Shkreli, Đorđe Mrdak, Magda Origjanska, Simona Milanović, Vanja Lazić, Zvonimir Zvonar).

0 comments:

 
Кинотека. Design by Wpthemedesigner. Converted To Blogger Template By Anshul Tested by Blogger Templates.