Блогот Кинотека е неофицијално огледало на филмската програма на Кинотеката на Македонија и, понекогаш, на некои други филмски настани.

МакеДокс загревање во кино Фросина, Soundbreaker: The World Of Kimmo Pohjonen, 03.06.2013 (понеделник), 20.00 часот

Проекции: 03.06.2013 (понеделник), 20.00 часот, кино Фросина

МакеДокс загревање, претпремиера на:

Soundbreaker: The World Of Kimmo Pohjonen

Несекојдневни звуци на дувалки, на животни и на машини излегуваат од неговиот инструмент. Додавајќи вокал и гудачки инструменти, Кимо Похјонен, ги премостува границите меѓу експерименталната, рок, фолк и класичната музика. Овој документарен филм го прикажува патешествието на еден исклучителен уметник поттикнат од основните човечки вистини. Камерата и дејствието се огледало на специфичната скадинавска перцепција. Од самиот почеток - кога јунакот на овој филм чекори низ пространство од мраз и влегува во студената вода низ една дупка - до самиот крај, гледачот е вовлечен во приказната низ драматичен ритам, откривајќи ја внатрешната борба на овој иконокласт.


Финска / Германија / 2011 година / 86 минути
Режија: Кимо Коскела (Kimmo Koskela)
Музика, композитор и изведувач: Кимо Похјонен (Kimmo Pohjonen)

0 comments:

 
Кинотека. Design by Wpthemedesigner. Converted To Blogger Template By Anshul Tested by Blogger Templates.