Проекции: 02-03.03.2013 (сабота и недела), 20.00 часот
„Шкафче на болката“
Полковникот Вилијам Џејмс, ветеран кој што ја искусил војната, пристигнува како нов лидер на тимот на американската единица за отстранување на експлозиви за време на војната во Ирак. Неговите дисидентски методи и таквиот став ги водат Санборн и Елдриџ, кон тоа да го сметаат за арогантен, претпоставен кому не му е грижа за својот тим. Кога добиваат задача да уништат експлозиви во напуштена област, Џејмс се враќа на местото за детонација да си ги земе ракавиците. При враќањето во Камп Виктори, тимот се сретнува со пет вооружени луѓе во традиционална арапска облека; подоцна се дознава дека тоа се всушност платени војници на Британија, коишто заробиле двајца од најбараните луѓе во Ирак. Одеднаш сите се нападнати, а затворениците ја користат забуната во редовите и се обидуваат да побегнат.
игран филм / САД
2008 година / 131 мин. / колор / 35 мм
режија: Кетрин Бигалоу (Kathryn Bigelow);
сценарио: Марк Боул (Mark Boal);
улоги: Џереми Ренер, Антони Мекки, Брајан Герети, Гај Пирс, Ралф Фајнс (Jeremy Renner, Anthony Mackie, Brian Geraghty, Guy Pearce, Ralph Fiennes).
0 comments:
Post a Comment