Блогот Кинотека е неофицијално огледало на филмската програма на Кинотеката на Македонија и, понекогаш, на некои други филмски настани.

Циклус филмови на Трајче Попов: „Пресуда“, 22.12.2012 (сабота), 20.00 часот

Проекции: 22.12.2012 (сабота), 20.00 часот

ЦИКЛУС ФИЛМОВИ НА ТРАЈЧЕ ПОПОВ

„Пресуда“ 

Во судирот со непријателот, во една однапред изгубена битка со наполно извесен крај, за да не загине залудно, партизанот Ангелов го напушта боиштето качувајќи се на воз и оди да ја види својата мајка, тукушто вратена од интернација. Поради тоа, тој е прогласен за дезертер, па кога тој се врати во бригадата, го разоружуваат и голорак го испраќаат во борба, за да се избори за ново оружје. Во поставената заседа за германската колона, голоракиот Митко Ангелов убива еден германски војник и со неговото оружје сам пука во колоната камиони, бидејќи сите партизани од патролата се убиени. Кога ќе се врати во бригадата, никој не му верува дека тој е единствениот преживеан од воената акција.



игран филм, Македонија
1977, 95 мин., колор, 35 мм
режија: Трајче Попов;
сценарио: Јово Камберски;
улоги: Жарко Радиќ, Петар Арсовски, Мето Јовановски, Благоја Чоревски, Данчо Чеврески.

0 comments:

 
Кинотека. Design by Wpthemedesigner. Converted To Blogger Template By Anshul Tested by Blogger Templates.