Проекции: 25-26.10.2012 (четврток-петок), 20.00 часот
„Мулен руж“
Во 1899 година, младиот англиски писател Кристијан доаѓа во Париз и ја следи боемската револуција. Но на ниедно место во Париз не може да има поголема возбуда отколку во „Мулен руж“, ноќниот клуб каде што танчарките и куртизаните ги забавуваат и богатите и сиромашните мажи. Младиот писател веднаш смртно се вљубува во прекрасната танчарка и куртизана Сатин, со која започнува и опасна љубовна врска. За нејзиното внимание ќе се бори и патронот на ноќниот клуб наречен „Војводата“. За да избегаат од овој опасен љубовен триаголник, Сатин и Кристијан ќе се борат против сите пречки за да останат заедно.
0 comments:
Post a Comment