Проекции: 19.06.2012 (вторник), 21.00 и 23.00 часот
Локација: Куршумли ан
„МакеДокс“, фестивал за креативен документарен филм
15-22 јуни 2012
Целосна програма: http://makedox.mk/2012/06/11/festival-program/
21.00 часот
„Влакно на јазик“ (Hair On A Tongue)
15' / Словенија
„Амбасадор“ (The Ambassador)
93' / Данска
„Амбасадор" е приказна за еден чуден и декадентен Европеец, кој оди на дипломатска мисија во Централно-Африканската Република, носејќи со себе само дипломатски пасош и „писма со среќа". Таму се претставува како богат бизнисмен кој сака да отвори фабрика за кибрити, а всушност сė што сака е да го документира и разоткрие мрачниот свет на политиката и парите...
Tрејлер: http://www.youtube.com/watch?v=8MOVPsDuOcg&list=UUmul_bOB7i5RteOfBBOQ9Zw&index=10
23.00 часот
„Ќе го заборавам овој ден“ (I Will Forget This Day)
25' / Русија
Русија се соочува со проблемот на абортусот веќе подолго време. Иако денес е намален бројот на жените кои се одлучуваат на овој чекор, сепак оваа практика сė уште е секојдневје. Камерата е сместена во чекалницата на болницата, забележувајќи го однесувањето на жените, кои главно поради недостаток на средства ја донесуваат оваа тешка одлука. Емоциите испишани на нивните лица ја рефлектираат очајната ситуација на жената, која не е сигурна дали ова не ù е последен пат во овој оддел на болницата.
Трејлер: http://www.youtube.com/watch?v=_f-gIyqtSXk&list=UUmul_bOB7i5RteOfBBOQ9Zw&index=6
„Ходорковски“ (Khodorkovsky)
111' / Германија/Франција
Документарна драма за личната одисеја на најбогатиот човек во Русија, Михаил Ходорковски, неговата трансформација од закоравен социјалист во цврст капиталист и еден од најголемите противници на владеењето на Путин. Иако знае дека со враќањето во Русија ризикува затворска казна, тој сепак се враќа и станува најпознатиот затвореник во Сибир. Филмот открива кој е Ходорковски и зошто ја донесува одлуката за враќање.
Трејлер: http://www.youtube.com/watch?v=N3qSuRAiEaE&list=UUmul_bOB7i5RteOfBBOQ9Zw&index=1
0 comments:
Post a Comment