Блогот Кинотека е неофицијално огледало на филмската програма на Кинотеката на Македонија и, понекогаш, на некои други филмски настани.

MaкеДокс: „Летото на Џакомо“, „Плажата Бомбај“, 17.06.2012 (недела), 21.00 и 23.00 часот

Проекции: 17.06.2012 (недела), 21.00 и 23.00 часот

Локација: Куршумли ан

„МакеДокс“, фестивал за креативен документарен филм
15-22 јуни 2012
Целосна програма: http://makedox.mk/2012/06/11/festival-program/

21.00 часот

„Јужна Гванапе“ (Guanape Sur)
23' / Италија/Перу

Стотици работници се истоваруваат на пустиот карпест остров Гванапе Сур, сместен на крајбрежјето на Перу, за да го соберат изметот од островските птици, наталожен и стврднат како резултат на долгогодишното изложување на временските услови.
Прекрасната камера ги следи работниците како го товараат изметот, ризикувајќи опасни бактериски и паразитски заболувања, сė за да си ја заработат платата.

Трејлер: http://www.youtube.com/watch?v=PEMvwJU4A4A&list=UUmul_bOB7i5RteOfBBOQ9Zw&index=8

„Летото на Џакомо“ (Summer of Giacomo)
84' / Италија/Франција/Белгија

Еден летен ден глувонемиот Џакомо оди на пикник со својата љубов од детството, Стефани. Како во бајка, двајцата ќе се изгубат во шумата и одеднаш ќе се најдат на една рајска локација покрај река. Камерата одблиску ги следи Џакомо и Стефи, како шетаат во шумата, како се сончаат покрај реката, без да сака да ја прекине мистеријата на нивната врска, од воздржаната сензуалност до детските игри.

Tрејлер: http://www.youtube.com/watch?v=cs2wUPEGkCY&list=UUmul_bOB7i5RteOfBBOQ9Zw&index=3



23.00 часот

„Мали пионери“
18' / Србија

„Плажата Бомбај“
80' / САД

Напуштеното Солено Море во Калифорнија претставува застрашувачка метафора за скршениот американски сон. Во него одамна изумрел сиот жив свет, а на неговиот брег живее мала група луѓе, чии индивидуални животни приказни, измешани со хипнотичната музика на Beirut и Bob Dylan, на чуден надреалистички начин нė носат во срцето на американскиот пустински живот.

Трејлер: http://www.youtube.com/watch?v=us6B4S6Z1WM&list=UUmul_bOB7i5RteOfBBOQ9Zw&index=2


0 comments:

 
Кинотека. Design by Wpthemedesigner. Converted To Blogger Template By Anshul Tested by Blogger Templates.