Блогот Кинотека е неофицијално огледало на филмската програма на Кинотеката на Македонија и, понекогаш, на некои други филмски настани.

МакеДокс викенд: „Патникот“, „Тенок мраз“ и „Јама број 8“, 03.06.2012 (недела), 18.00 и 20.00 часот

Проекции: 03.06.2012 (недела), 18.00 и 20.00 часот

МакеДокс 2012, фестивал на креативна документаристика
Викенд со доза документарни приказни во Кинотека на Македонија.

18.00 часот

„Патникот“, Финска (28’)
Трамвајот превезува луѓе. И приказни. Оваа е за Холокаустот.

„Тенок мраз“, Хрватска/Канада (56’)
Босна и Херцеговина. Еден канадски свештеник и хокеј-тренер се обидува да направи хокеарски тим од млади луѓе. Дали ќе „пукне“ мразот или пакот ќе ги сруши повоените ментални бариери?

20.00 часот

„Јама број 8“, Естонија (95’)
Да се обложиме дека после филмов нема да ви текне ниедна потешка работа од онаа на младиот Јура!



0 comments:

 
Кинотека. Design by Wpthemedesigner. Converted To Blogger Template By Anshul Tested by Blogger Templates.