Проекции: 16.06.2012 (сабота), 21.00 и 23.00 часот
Локација: Kуршумли ан
„МакеДокс“, фестивал за креативен документарен филм
15-22 јуни 2012
Целосна програма: http://makedox.mk/2012/06/11/festival-program/
21.00 часот
„Авганистанска камера во кутија“ (Afghan Box Camera)
8' / Авганистан
Авганистанистанска камера во кутија е едноставна дрвена камера во форма на кутија, користена од фотографи кои работат на улица, кои создаваат инстант портрети на нивните клиенти. Во Дари камерата е позната како Camra-e-faoree, што значи „инстант камера". Во овој филм , Квалам Наби, еден од последните фотографи кои ја користат оваа камера, ни ја покажуваат нејзината употреба.
Tрејлер: http://www.youtube.com/watch?v=xTDctEByOSM&list=UUmul_bOB7i5RteOfBBOQ9Zw&index=7
„Носталгија за светлината“ (Nostalgia For The Light)
90' / Шпанија/Чиле/Франција/Германија
Во овој филм, познатиот чилеански режисер Патрисио Гузман, познат по своите политички документарци („Битката на Чиле", „Случајот Пиноче"), патува на најсувото место на земјата, пустината Атакама, каде што се собираат астрономи од целиот свет за да ги набљудуваат ѕвездите. Меѓутоа, освен природна опсерваторија, Атакама е исто така и место во кое лежат посмртни останки на многу луѓе, почнувајќи од претколумбовските мумии, разни изгубени истражувачи и рудари, како и телата на политички затвореници „исчезнати" за време на воениот удар во 1973 година. Додека астрономите ги истражуваат најдалечните галаксии, во подножјето на планините жени и роднини на исчезнатите ги бараат, дури и по дваесет и пет години, телата на своите сакани.
Трејлер: http://www.youtube.com/watch?v=jQE1HPvUmO4&list=UUmul_bOB7i5RteOfBBOQ9Zw&index=4

23.00 часот
„Враќање“ (Returns)
7' / Полска
„Ноќен стражар“ (Night Watchman)
72' / Meксико
Секоја ноќ, Мартин како ангел-чувар ги надгледува екстравагантните мавзолеи на едни од најмоќните нарко кралеви. Сместени во масивни лавиринтски гробишта во часовите помеѓу самракот и зората, ноќниот чувар е мирна медитација на насилство. Застрашувачкиот документарец на Алмада нė потсетува дека нормалниот живот во Мексико постои дури и денес, во време кога Мексико е центар на најкрвавите конфликти поврзани со дрогата.
Трејлер: http://www.youtube.com/watch?v=2T5CB5qmZgM&list=UUmul_bOB7i5RteOfBBOQ9Zw&index=7

0 comments:
Post a Comment