Блогот Кинотека е неофицијално огледало на филмската програма на Кинотеката на Македонија и, понекогаш, на некои други филмски настани.

„Малиот љубовен Бог“, 15.05.2012 (вторник), 20.00 часот

Проекции: 15.05.2012 (вторник), 20.00 часот

„Малиот љубовен Бог“

Никола е Македонец оженет за Нина, Црногорка. Мајката на Нина е тешко болна, пред умирање, но никој од семејството не се осмелува да ѝ го каже тоа во лице. Никола не се согласува со ваквиот однос, но неговата сопруга одбива да го разбере. Набргу таа исчезнува, а Никола, како странски државјанин, е под полициско сомневање дека е одговорен за нејзиното исчезнување.



(Мали љубавни бог / The Little Love God)
игран филм, Црна Гора / Република Македонија / Словенија
2011 година, 90 минути, колор, 35 мм

режија и сценарио: Жељко Сошиќ
улоги: Никола Ристановски, Светлана Бојковиќ, Ксенија Џаферовиќ, Бранимир Поповиќ, Милан Гутовиќ-Лане.

0 comments:

 
Кинотека. Design by Wpthemedesigner. Converted To Blogger Template By Anshul Tested by Blogger Templates.