Блогот Кинотека е неофицијално огледало на филмската програма на Кинотеката на Македонија и, понекогаш, на некои други филмски настани.

„Исправи се, Делфина“, 14.05.2012 (понеделник), 20.00 часот

Проекции: 14.05.2012 (понеделник), 20.00 часот

80 ГОДИНИ ОД РАЃАЊЕТО НА ДАРКО ДАМЕСКИ

„Исправи се, Делфина“

Младата и надежна пливачка Делфина се обидува да да истрае во совладувањето на водите од каналот Ла Манш. Со тоа, се надева, ќе успее да си ја врати самодовербата, желбата за нормално живеење и самопочитта. Во бродот што ја придружува, покрај судиите, се нејзиниот тренер Атанас и пријателот Петко - единствените луѓе што вистински ја сакаат и кои настојуваат да ѝ помогнат во остварувањето на подвигот. Додека плива во разбранетото море, Делфина се присеќава на блиското минато, на несреќната љубов и сето она што ја натерало за малку да се откаже од својата пливачка кариера.


игран филм, Република Македонија
1977 година, 101 минута, колор, 35 мм
режија и сценарио: Александар Ѓурчинов
улоги: Неда Арнериќ, Диме Илиев, Слободан Димитриевиќ, Дарко Дамевски, Столе Аранѓеловиќ

0 comments:

 
Кинотека. Design by Wpthemedesigner. Converted To Blogger Template By Anshul Tested by Blogger Templates.