Проекции: 04.05.2012 (петок), 20.00 часот
Слободни филмови во Кинотека на Македонија,
по повод 10 години од формирањето на Слободен софтвер Македонија (04-09 мај 2012)
Изложба на
најпопуларниот експеримент лед коцка, од скопскиот хаклаб КИКА, Слободен
софтвер Македонија
Влезот е бесплатен.
Повеќе информации на: http://slobodensoftver.org.mk/slobodnifilmovi/
„Добра копија, лоша копија“
Документарниот
филм за авторски права „Добра копија, лоша копија“ ја објаснува состојбата на
авторските права и културата во контекст на споделувањето на музика, филм,
книги и друга уметност преку Интернет. Составен е од интервјуа со различни луѓе
меѓу кои адвокати, продуценти, уметници и провајдери на услуги за споделување
преку Интернет, со што се прикажуваат различните перспективи на толкување на
авторските права.
Филмот „Добра копија, лоша копија“ (Good Copy, Bad Copy) е издаден под лиценцата Creative Commons
Attribution-NonCommercial , што овозможува негово слободно прикажување за
некомерцијални цели доколку биде наведен авторот на филмот.
(Good Copy, Bad Copy)
Документарен филм, Данска
2007 година, 59 минути, колор, ДВД
Режија и сценарио: Ралф Кристенсен, Андреас Јонсен, Хенрик Молтке (Ralf Christensen, Andreas Johnsen, Henrik Moltke).

0 comments:
Post a Comment