Блогот Кинотека е неофицијално огледало на филмската програма на Кинотеката на Македонија и, понекогаш, на некои други филмски настани.

„Лифт“, затворање на Недела на франкофонијата, 02.04.2012 (понеделник), 20.00 часот

Проекции: 02.04. 2012 (понеделник), 20.00 часот

„Лифт“

Едно момче и една девојка сакаат да се изолираат од светот на одредено време и стигнуваат до една напуштена фабрика на периферијата на градот. Но овде паѓаат во стапица на сопствената намера и остануваат блокирани во лифтот за стока. Помеѓу бројните обиди да се спасат и тензичните моменти кои го одбележуваат секој нивни неуспех, тие се соочуваат со застрашувачката идеја дека целиот нивен универзум е сега сведен на кутија, помала од една просторија.

Elevator
игран филм / 2008 година / 85 минути / колор / ДВД 
Романија

режија: Георге Доробанц (George Dorobanţ);
сценарио: Габриел Пинтилеи (Gabriel Pintilei);
улоги: Кристи Петреску, Јулиа Вердеш (Cristi Petrescu, Iulia Verdeş).

0 comments:

 
Кинотека. Design by Wpthemedesigner. Converted To Blogger Template By Anshul Tested by Blogger Templates.