Проекции: 01.03.2012 (четврток), 12.00 часот
„Сонот на летната ноќ“
„Сонот на летната ноќ“, според многумина претставува технички и естетски најсовршениот филм на Трнка. Тој на него работи цели четири години, и во него го внесува сето свое знаење и креативна енергија. Филмот е екранизација на истоимената комедија од Вилијам Шекспир, во која се споени три различни приказни кои претставуваат три различни светови, меѓусебно поврзани со брилијантната музичка позадина на Вацлав Тројан.
0 comments:
Post a Comment