Блогот Кинотека е неофицијално огледало на филмската програма на Кинотеката на Македонија и, понекогаш, на некои други филмски настани.

„Стари чешки легенди“ - Jиржи Трнка, 27.02.2012 (понеделник), 20.00 часот

Проекции: 27.02.2012 (понеделник), 20.00 часот


„Стари чешки легенди“

Тогашниот социјалистичи режим, задоволен од дотогашната работа на Јиржи Трнка, посебно од неговиот трет долгометражен филм „Принцот Бајаја“ од 1950 година, бара од него уште еден филм, чија содржина би ја величела чешката историја и би го јакнела националното чувство. За таа намена, Трнка во 1953 година ја реализира анимираната адаптација на книгата „Стари чешки легенди“ напишана од Јалоис Јирашек.

Филмот е составен од седум засебни приказни, кои раскажуваат различни народни митови и легенди од чешкиот фолклор, поврзани со создавањето на чешката држава, кралевите и владетелите на тие простори, како и херојствата на поедини историски или фиктивни ликови.



Филмот е позитивно прифатен од тогашната критика, освојувајќи повеќе награди на различни фестивали ширум светот, како „Сребрен лав“ на Венецијанскиот филмски фестивал во 1953 година, потоа гран при за најдобар куклен филм на фестивалот во Монтевидео во 1954 година и многу други.

STARÉ POVĚSTI ČESKÉ
(Old Czech Legends)
1953 година / 80 минути / 35 мм
Сценарио: Alois Jirásek, Jirí Brdecka
Улоги: Zdenek Stepánek, Eduard Kohout, Karel Höger

3 comments:

Anonymous said...

може да ни го раскажете скратено што е можно побрзо ?!

Anonymous said...

стварно раскажете го ве молаааммммммммм!!!!!!!!!!!!!!
ми треба за во школо!!!!!!

Кинотека said...

Пробајте да побарате опис на Интернет, ова ние успеавме да го пронајдеме:

http://www.filmreference.com/Films-So-St/Star-Povesti-Cesk.html#b

Поздрав

 
Кинотека. Design by Wpthemedesigner. Converted To Blogger Template By Anshul Tested by Blogger Templates.